• четврток, 26 декември 2024

Изложба по повод Денот на образование на турски јазик

Изложба по повод Денот на образование на турски јазик
Скопје, 21 декември 2020 (МИА) - По повод Денот на образование на турски јазик - 21 Декември, Институтот „Јунус Емре“ и Фондацијата на стрелци на Република Турција организираат изложба „Турското стреличарство низ историјата“. Како што соопшти Институтот, изложбата попладне во Куршумли ан ќе ја отвори Мустафа Шентоп, претседател на Големото народно собрание на Турција. Денот на образование на турски јазик е единствен национален празник на Турците во земјава и од 2007 година е неработен за турската етничка заедница. На овој датум се одбележуува почетокот на наставата на турски јазик во 1944 година, во основното училиште „Тефејуз“  во Скопје. хс/сп/

Остани поврзан