• четврток, 26 декември 2024

Изложба „Поврзување две култури низ визуелна уметност“ на наши уметници во Сараево

Изложба „Поврзување две култури низ визуелна уметност“ на наши уметници во Сараево
Сараево, 14 ноември 2021 (МИА) - Изложбата „Поврзување на две култури преку визуелната уметност“ беше отворена вчера вечер во Сараево, во организација на Интернационалниот Балкански Универзитет –Скопје и Галеријата „Препород“ - Сараево. Куратор на изложбата беше Џемаил Бектовиќ, а беа претставени скулптури на Слободан Милошески и плакати на Лазе Трипков. - Современата скулптура не познава граници. Нема материјал или технологија од основните материјали до видео, кој скулптурата нема да го собере и користи за свои потреби. Од друга страна нема параметри, како во сликарството, за некакви ограничувања, покрај стилската слобода која не поставува прашање визуелен или концептуален лимит, рече во својата критика за делата на Слободан Милошески, кураторот Бектовиќ. Посочи дека во таков контекс на создавање, Слободан Милошески се одлучил за оваа серија скулптури, за да ја нагласи важноста на малата скулптура и нагласи дека малиот формат е посебна мерка и критериум во остварување на креативните можности на скулпторот. Ова е второ гостување на Милошески во Сараево последните неколку години. за/мс/

Остани поврзан