• среда, 25 декември 2024

Изложба „Од срце - за животот“

Изложба „Од срце - за животот“

Скопје, 26 март 2024 (МИА) - Изложбата „Од срце - за животот“ ќе биде отворена вечер од 18 часот во „Зелена оаза“ во „Ист гејт мол“. Целта е да се поттикне отворено размислување и разговор за значењето на органодонорството и трансплантацијата, се наведува во соопштението од тимот на проектот „Поддршка на системот на трансплантација“.

Најавено е изложбата да биде отворена од евроамбасадорот Дејвид Гир и националниот координатор за трансплантација Маја Мојсова Мијовска.

- Во рамки на оваа средба ќе бидат доделени и наградите за најдобрите решенија на повиците за визуелни дела за дизаjнери и за средношколци, на тема - трансплантација и органодонорство, пишува во соопштението до медиумите. бд/са/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан