• петок, 27 декември 2024

Изложба на фотографии на Киро Урдин во Романија

Изложба на фотографии на Киро Урдин во Романија

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - Во Окружниот музеј во Бузау во Романија денеска ќе биде отворена изложба на фотографии на мултимедијалниот уметник Киро Урдин. Романските љубители на уметноста ќе можат да уживаат во уметничките фотографии продуцирани од Урдин вдолж реката Омо, на југот на Етиопија, за време на неговите чести патувања на црниот континент.

Во најавата за „Луѓето од долината Омо”, како што е насловена изожбата, директорот на музејот, Думитру Костаке вели дека овој изложбен проект му припаѓа на извонредниот македонски артист Киро Урдин кој, си постави за цел да изненади со автентичноста на човечкото битие.

-Овој изложбен проект му припаѓа на извонредниот македонски артист Киро Урдин кој, си постави за цел да изненади со автентичноста на човечкото битие, недопрено од сите вознемирувачки елементи на развиеното општество, кои тежат овие зони на човечкиот хабитус да ги монополизира, во борбата за нови ресурси, појаснува Костаке.

Изложбата ќе биде отворена до јануари 2025 година. Курирана е од Теа Теохаревска, а комесар е Јане Теохаревски. бт/дма/

Фото: плакат

Остани поврзан