• недела, 28 јули 2024

Изложба на фотографии на Иво Дамјановски во КСП Центар Јадро

Изложба на фотографии на Иво Дамјановски во КСП Центар Јадро

Скопје, 8 март 2024 (МИА) - Изложба на фотографии на Иво Дамјановски ќе биде отворена вечер од 19 часот во КСП Центар Јадро.

Како што информираат оттаму, станува збор за прва изложба на фотографии на филм и прослава на преминување пет години зад објективот на Дамјановски.

- Секоја фотографија е доказ за наоѓање убавина во неочекуваното и тивките приказни кои траат во невиденото. Позајмувајќи го описот на Зарковски за истоименото фотографско движење, „snapshots“ е мој обид „не да го реформирам [секојдневниот] живот, туку да го спознаам“, се наведува во писмената изјава на Дамјановски.

Најавено е изложбата да трае до 15 март. бд/са/

Фото: КСП Центар Јадро

Остани поврзан