• среда, 18 декември 2024

Изложба на уметниците Љупчо Бојаров и Каја Тасевска во КИЦ Скопје

Изложба на уметниците Љупчо Бојаров и Каја Тасевска во КИЦ Скопје

Скопје, 17 декември 2024 (МИА) - Во Културно информативен центар – Скопје вечер во 19 часот ќе биде отворена изложба со дела на уметниците Љупчо Бојаров и Каја Тасевска.

Бојаров ќе се претстави со ОБЈЕКТИ - Теракота и фузирано стакло -

-На оаваа изложба ќе се преставам со објекти, изработени во теракота и фузирано стакло. Теракотата е прастара техника на изработка на предмети од печена глина, а фузираното стакло е понова техника на обработка на стакло. Ќе бидат изложени 25 објекти изработени во оваа година, вели Бојаров.

Тасевка пак ќе изложи уметнички фотографии под наслов „Анемоја: Носталгија за свет што никогаш не го познавав“.

- Свет обликуван од ехото на некогашните животи, бранувајќи низ времето, предизвикува емоции за минатото што никогаш не го допрев. Анемоја ги врзува овие фотографии во наратив за копнеж за епохи кои постојат само во фрагменти: во раскажаните приказни, во текстурите на ѕидовите во распаѓање и во архитектурата на заборавени спомени. На изложбата ќе се преставам со 30 уметнички фотографии.

Изложбата ќе биде отворена до 15 јануари. вг/лв/

Фото: Љупчо Бојаров и Каја Тасевска

Остани поврзан