Изложба на стари фотографии „Битола виа Дебар“
- На изложбата ќе бидат прикажани 30 фотографии снимени помеѓу 1930 и 1945 година, изработени од оригинални негативи, стаклени плочи, и се дел од колекцијата на Македонскиот центар за фотографија.
Битола, 12 декември 2024 (МИА) - Националната установа Завод и Музеј во соработка со Македонски центар за фотографија организираат изложба на стари фотографии насловена „Битола виа Дебар“ на битолскиот фотограф Зафир Ошавков (Дебар,1905 - Битола,1996).
На изложбата ќе бидат прикажани 30 фотографии снимени помеѓу 1930 и 1945 година, изработени од оригинални негативи, стаклени плочи, и се дел од колекцијата на Македонскиот центар за фотографија.
Автор на изложбата која ќе биде отворена до 31 декември е Роберт Јанкулоски, универзитетски професор и директор на Македонски центар за фотографија. мт/нд/
Фото: НУ Завод и Музеј-Битола