• среда, 27 ноември 2024

Изложба на Киро Урдин во романскиот Парламент по повод 2 Август

Изложба на Киро Урдин во романскиот Парламент по повод 2 Август

Скопје, 3 август 2023 (МИА) - Во чест на големиот празник 2 Август, ликовниот уметник Киро Урдин отвори монументална изложба во Букурешт, во големата сала на Парламентот на Романија. 

На изложбата, Урдин презентираше 60-тина дела во техника масло.

Со оваа изложба и неговите последни самостојни презентации на уметничките дела во Kloser Contemporary Art - Кина (2108), Online MM Gallery Brussels - Белгија (2020 и 2021), De zwarte Ponter - Антверпен - Белгија (2022), Amodlozi Gallery - Мајами - САД (2023), тој уште еднаш го потврди својот статус на уметник од светски ранг. сх/бак/

Фото: Киро Урдин

Остани поврзан