Изложба на Емилија и Стојче Тоциновски во Куманово
- Вечерва со почеток во 19 часот, во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово ќе биде отворена изложбата на слики „Славит природата“ од авторите Емилија и Стојче Тоциновски. Изложбата содржи 30-тина слики работени во техниката акрил на платно и е дел од нивната најнова продукција. Авторите се академски ликовни уметници кои заеднички творат создавајќи препознатлив естетски свет и уметничка постапка.

Куманово, 3 април 2025 (МИА) - Вечерва со почеток во 19 часот, во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово ќе биде отворена изложбата на слики „Славит природата“ од авторите Емилија и Стојче Тоциновски. Изложбата содржи 30-тина слики работени во техниката акрил на платно и е дел од нивната најнова продукција. Авторите се академски ликовни уметници кои заеднички творат создавајќи препознатлив естетски свет и уметничка постапка.
Учесници се на голем број групни изложби и имаат петнаесет самостојни изложби во Македонија, Хрватска и Црна Гора. Живеат и работат во Скопје. Добитници се на награди и изложувале самостојно во земјава и странство.
-Академските ликовни уметници и сопружници, м-р Емилија и д-р Стојче Тоциновски, постојано предизвикуваа внимание кај ликовната критика и публика. Се работи за еден редок феномен каде што двајца уметници работат на едно платно и во една симбиоза го креираат финалниот продукт. Уникатниот пристап, изборот на теми како и нивната интерпретација – сите овие елементи инкорпорирани во нивното творештво – ги прави препознатливи и автентични за поширокиот аудиториум, пишува историчарот на уметност, Роберт Цветковски.
Изложбата ќе биде поставена до 15-ти април, годинава. ам/сст/
Фото: НУЦК Куманово