• недела, 01 септември 2024

Изложба на астрофотографија по повод 25 години Скопско астрономско друштво

Изложба на астрофотографија по повод 25 години Скопско астрономско друштво

Скопје, 25 декември 2023 (МИА) - Скопското астрономско друштво организара изложба на астрофотографија по повод 25 години постоење на друштвото.

Изложбата ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Кинотека на Македонија, а ќе бидат претставени фотографии од членовите на Скопското астрономско друштво направени на различни локации низ државата.

Целта, како што најавуваат организаторите, е да се пренесат убавините и инспиративните глетки кои можат да се забележат на ноќното небо со голо око, фотоапарат или телескоп.

Преку астрофотографиите ќе бидат претставени најразлични небесни објекти: галаксии, маглини, ѕвездени јата, објекти од Сончевиот систем, вештачки сателити, како и пејсажни фотографии со астрономски мотиви.

Влезот е бесплатен.

„Скопско астрономско друштво“ е здружение на љубители на астрономијата, основано 1998 година во Скопје. Целите и определбите на друштвото се ширење и популаризација на астрономијата како наука и обединување на сите љубители на астрономијата во нивната заедничка потрага по повеќе знаење, дружење и ведро небо. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан