• понеделник, 29 јули 2024

Изложба „Млади уметници“ во Куманово

Изложба „Млади уметници“ во Куманово
Куманово, 23 септември 2022 (МИА) - Изложбата на традиционалната и дигиталната графика „Млади уметници“ вечер ќе биде отворена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, соопштија денеска од установата.
Отворањето е закажано за 19:30 часот, а кумановци ќе имаат можност да проследат триесетина дела изработени од осум дипломирани уметници од Факултетот за ликовна уметност од Скопје.
- Осумте дипломирани уметници на Факултетот за ликовни уметности во Скопје се претставуваат првпат со нивната заедничка изложба надвор од рамки на факултетските изложби, со своите дела од дипломскиот труд.  Секој од нив има посебен пристап при изработката на графиките, при визуелната интерпретација на самата графика и веќе се забележува личен графички израз кој веројатно во иднина ќе го надоградуваат. Ги поканувам заинтересираните да ја проследат изложбата, изјави Роберт Цветковски, историчар на уметност од НУЦК „Трајко Прокопиев“.
  На изложбата дела ќе презентираат Симона Најдова од Неготино, Рамона Арсовска, Милица Величковиќ, Јована Митевска, Дарко Петковски од Куманово, Марко Марковиќ, Југослава Василевска, Ферати Џејлан од Скопје. Изложбата ќе биде поставена до 27 септември годинава. ам/мд/

Остани поврзан