• среда, 25 декември 2024

Изложба и филмски проекции во Сули Ан по повод Светскиот ден на уметноста

Изложба и филмски проекции во Сули Ан по повод Светскиот ден на уметноста
Скопје, 15 април 2022 (МИА) – По повод Светскиот ден на уметноста – 15 април, денеска во дворот на Сули Ан беше отворена изложба на уметнички дела, како и разни перформанси и филмови од страна на студентите од различни катедри од факултетите за ликовни и драмски уметности (ФЛУ) и (ФДУ). На изложбата, посетителите во текот на денот имаа можност да видат слики, графики, цртежи, инсталации, но и дигитални дела од студентите од Факултетот за ликовни уметности. Учесници на изложбата се Славчо Павлоски, Благоја Грозданоски, Андриана Милошевска, Ивона Петрова, Лусиана Ампева, Марта Патлиџанковска, Марија Ќурчиева, Ивона Младеновска, Горјана Калевска, Сара Милошевска, Никола Станковски, Валон Идризи, Ванеса Ода, Филип Ристевски, Мартин Калков, Мартин Буровски, Сихана Сејфулаи, Благица Трајкоска, Стефан Божиновски, Марко Печеновиќ, Марија Јаќовска, Теона Милева, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Сара Митковска, Габриела Живковска, Теодора Андоноска, Ева Симевска, Елена Стојкова, Симона Трајановиќ, Ангела Манчевска, Ивана Секулоска. Во рамки на Денот на уметностите исто така се одржаа и проекции на студентски филмови од студенти на Факултетот за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, како и Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа – ФОН. Учесници со свои филмови се Тина Величковиќ („Филм за Марјан Величковиќ – Мачор“, документарен филм, 2021, 17' 25"), Розе Симоновска („Автопортрет“, 2021, 5'), Стефан Божиновски („Тука сум“, 2021, 22' 05"), Ана Андонова („Малечка“, 2020, 14' 56"). Исто така, група студенти од Катедрата за графика на Факултетот за ликовни уметности припреми едно дополнително колективно дело. „Графичарски експонати“ е концептуален перформанс кој го посочува чувството кое го имаат студентите за време на својата работа во печатницата, која како дел од просторот на Сули ан е често посетувано место од љубопитни минувачи. Учесници во перформансот „Графичарски експонати“ се Стефан Божиновски, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Габриела Живковска, Ева Симевска, Сара Митковска, Евгенија Трајковска, Теона Милева. Настанот е во организација на Europe House а во соработка со ФЛУ и ФДУ. бт/бак/

Остани поврзан