Изложба и поетско читање на Роза Мојсовска во Струмица
- Во дворот на Домот на АРМ во Струмица денеска беше отворена изложба на дела од Роза Мојсовска, која ги создава со сликарска четка во устата, а читаше и стихови од нејзините песни, кои се собр
Струмица, 31 август 2021 (МИА) - Во дворот на Домот на АРМ во Струмица денеска беше отворена изложба на дела од Роза Мојсовска, која ги создава со сликарска четка во устата, а читаше и стихови од нејзините песни, кои се собрани во пет стихозбирки.
-Се претставив со 20 слики акрил на платно. Сликите прв пат се на показ на јавноста, а претходно ги испраќам до Здружението на уметници кои цртаме со уста и нога и откако ми ги вратија оттаму ги изложив во Струмица. Инсипирација за моите слики црпам од Светото писмо. Претежно цртам пејзажи, ликови, цвеќе, животни-се што создал Господ, рече Мојсовска, која беше штитеник на Заводот за заштита и рехабилитација во Банско, а веќе две години живее самостојно во стан кој го обезбеди Министерството за труд и социјална политика со процесот на деинституционализација на штитениците.
Изложбата и поетското читање го организираше Домот за деца и младинци „Благој Мучето“ од Струмица, а се одржаа во рамки на манифестацијата „Струмица-град на културата 2021“. рт/ац/