• недела, 24 ноември 2024

Изложба во чест на Тоше во Музеј на македонската борба за самостојност

Изложба во чест на Тоше во Музеј на македонската борба за самостојност
Скопје, 16 неомври 2022 (МИА) - Во Музејот на македонската борба за самостојност вечерва е отворена изложбата „Спомен-куќа на Тоше – чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп-икона“ на која се прикажани 15 форекси и 15 фотографии на платно заедно со два дела од облеката на Тоше, како и неговиот омилен музички инструмент, гитарата. Директорката на Музеј на македонската борба за самостојност, Даниела Николова, кажа дека преку изложбата на 15 форекси и 15 фотографии на кванс платно, посетителите ќе имаат можност да го проследат животниот пат на Тоше Проески. - Времето поминува, но спомените остануваат вечни. Да се сеќаваме на ликот и делото на Тоше и понатаму и секогаш да ја пренесуваме неговата порака за љубов, несебичност и хуманост, бидејќи само така ќе го задржиме споменот за него, истакна Николова. Директорката на НУ Спомен куќа на Тодор Проески, Лефкија Гажоска, ја објасни причината зошто проектот е насловен „Спомен куќата на Тоше - чувар на спомените“. - Спомен куќата има посебно место во животите на сите фанови на Тоше и на едно место ќе можат да видат се што е поврзано со него, појасни Гажоска. Изложбата на која се претставени животот и делото на Тоше почнувајќи од неговото детство до последните постхумни награди и албуми, ќе биде отворена за јавноста до 23 ноември, а проектот е реализиран со поддршка на Министерството за култура. сх/са/

Остани поврзан