• четврток, 26 декември 2024

Изложба во РЕК Битола по повод 40 години од почетокот на производството на електрична енергија од комбинатот

Изложба во РЕК Битола по повод 40 години од почетокот на производството на електрична енергија од комбинатот
Скопје, 4 ноември 2022 (МИА) - Во пресрет на одбележувањето на 40 години од производството на првите киловати електрична енергија од РЕК Битола, во кругот на комбинатот денеска е поставена изложба на извадоци од Битолски весник, кој како локално медиумско гласило ја следел и известувал за изградбата на РЕК Битола, како и за работењето на комбинатот од неговите почетоци до денешни денови. Изложените текстови, велат од ЕСМ, сведочат за значајни државни одлуки донесени во времиња кога се структурирал енергетскиот сектор, за големите градежни зафати на терен во Пелагонија и за производството на јаглен и електрична енергија за снабдување на државата. Раководството на АД ЕСМ и на РЕК Битола, додаваат, искажа благодарност до медиумот за повеќедецениското известување и за чувањето на сеќавањето и историјата за најзначајниот енергетски објект во земјава. вј/дма/

Остани поврзан