• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Изложба „Визуелни спознанија“ за Светскиот ден на менталното здравје во Демир Хисар

Изложба „Визуелни спознанија“ за Светскиот ден на менталното здравје во Демир Хисар

Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - По повод Светскиот ден на менталното здравје, во фоајето на Домот на култура „Илинден“ во Демир Хисар денеска во 10:30 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Визуелни спознанија“.

Станувало збор за ликовни дела што содржат интимни приказни на самите автори, соопштуваат од Центарот за креативни индустрии „Небо“.

- Сликите се визуелен говор на потсвесните емотивни и психолошки состојби на учесниците и истите во голема мера се од големо значење во областа на спонтаното творештво и арт брут уметноста, се наведува во соопштението. 

Изложбата е резултат на сликарска работилница одржана во Психијатриската болница, под менторство на уметникот Тони Попов и Центарот за креативни индустрии - „Небо“, а финансиски поддржана од Министерството за култура, преку Програмата проекти од национален интерес во културата за 2024 година.

- Од 2018 година, Центарот за креативни индустрии - „Небо“ активно работи на темата ментално здравје и преку своите активности во соработка со Психијатриската болница во Демир Хисар, се залага за подигнување на свеста за важноста на менталнтото здравје и разбивање на стигмите околу менталните болести. Сликарските работилници организирани од страна на Центарот, имаат терапевтска функиција, чија цел е увид во психолошко-емоционалните состојби, што за време на креативното творештво, визуелно се пресликуваат и стануваат одраз на сите потсвесни состојби со што човекот секојдневно се соочува, се појаснува во соопштението. бд/бак/

Фото: Центар за креативни индустрии - „Небо“

Остани поврзан