Изложба „Вечното танго на љубовта“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје
- Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје вечерва ќе биде отворена традиционалната изложба „Вечното танго на љубовта“. Авторот на овој проект е историчарката на уметноста, Виолета Калиќ.
Скопје, 12 февруари 2021 (МИА) - Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје вечерва ќе биде отворена традиционалната изложба „Вечното танго на љубовта“. Авторот на овој проект е историчарката на уметноста, Виолета Калиќ.
Според Калиќ, изложбата е инспирирана од неодминливоста на возвишените чувства кои не поведуваат и извишуваат кон височините, поместувајќи ги опивните хоризонти на љубовта преточена во славните акорди на тангото кое го прославува името на Астор Пјацола ширум светот, навраќајки не носталгично на бројните теми од златниот период на тангото кој ги поврзува вљубениците во тангото ширум светот....
Изминатите години уметниците твореле инспирирани од „Танго Обливион“, „Либер Танго“. „Танго Нуев“, Танго Жалузје“...
-Живееме соочени со искушенија за нејзината трансмисија, преобразба, трансмодулација во духот на едно поинакво време...Но таа се извишува како вечен предизвик и никогаш до крај недоосознаена енигма...со својата аура на единствена и неповторлива доживелица кај секоја единка одделно... каде говорот на танцот, музиката и ликовноста се надополнуваат и вдахновуваат секогаш нова сензација, каде се извишува говорот на музите во секогаш една нова креација во виорот на таа синергија која ги сплотува мигот, времето минато и сегашно, силно впиено во ехото на носталгичноста , која провева низ виорот на животот, истакна Калиќ по повод отворањето на оваа традиционална изложба.
Таа додава дека акордите на Вечното танго го доловуваат токму тој инкарнат...тие сензации, тој изблик на емоции, вознес, страст и порив кон сплотување, каде се насетува секавичноста од трансмодулацијата на лиричноста во моќната експресија.
Во овогодишната изложба учествуваат уметниците Дита Старова, Марија Светиева, Росица Лазеска, Шќипе Мехмети, Љупчо Бојаров, Стеван Илијевиќ, Петра Јовановска (Чешка), Валентина Илијевска, Борјана Божиновска, Жанета Радевска Спировска, Верина Николова Соуважон (Франција), Зулејха Али Зубери, Виктор Бранѓолица, Гордана Винчиќ, Маја Андонова Јокиќ, Ленче Коцевска, Игор Поп Трајков, Витан Божиновски.бт/ев/