• четврток, 26 декември 2024

Изложба „Архетипови“ на Билјана Билбилоска вечер во галерија „Ко-Ра“

Изложба „Архетипови“ на Билјана Билбилоска вечер во галерија „Ко-Ра“
Скопје, 18 мај 2021 (МИА) - Петта самостојна изложба, насловена „Архетипови“ на м-р Билјана Билбилоска ќе биде поставена вечер во 19 часот во новиот салон на галеријата „Ко-Ра“ во Домот на култура „Кочо Рацин“. На изложбата ќе бидат претставени 20 дигитални графики, а ќе се влегува поединечно или максимум по двајца посетители, согласно мерките за заштита од Ковид-19. Постерот и плакатот за изложбата се дизајнирани од уметницата м-р Билјана Билбилоска. Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а ќе биде отворена до 26 мај. мс/ац/

Остани поврзан