• вторник, 12 ноември 2024

Излезноста во Охрид и Дебрца до 11 часот изнесува 14 проценти, избирачкиот процесот се одвива непречено

Излезноста во Охрид и Дебрца до 11 часот изнесува 14 проценти, избирачкиот процесот се одвива непречено

Охрид, 8 мај 2024 (МИА) – Излезноста на Претседателските избори во Охрид до 11 часот е 14,59 отсто, додека на Парламентарните избори досега гласале 14,62 проценти од избирачите.

Според ОИК, гласањето се одвива непречено и без какви било проблеми.

На избирачките места на територијата на Општина Дебрца до 11 часот излегле 14 отсто од лицата со право на глас.

И во Дебрца нема никакви проблеми и изборниот процес се одвива непречено.

Во главниот избирачки список за денешните Парламентарни избори во Охрид се запишани 51.865 додека за вториот круг од Претседателските 51.717 избирачи.

Според главниот избирачки список, за Парламентарните избори во Дебрца е запишан 4.001 избирач, додека за вториот круг од Претседателските избори 4.009.аб/цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан