• петок, 27 декември 2024

Излезноста во општините Дебар и Центар Жупа до 11 часот 5, односно 4,47 отсто

Излезноста во општините Дебар и Центар Жупа до 11 часот 5, односно 4,47 отсто

Дебар, 24 април 2024 (МИА) – Изборниот ден од првиот круг на претседателските избори во Дебар и Центар Жупа се одвива тековно, со зголемена излезност на граѓаните, кои го остваруваат нивното граѓанско право, потврдуваат од општинските изборни комисии.

Во општина Дебар, до 11 часот гласале 980 или 5 отсто од вкупно запишаните 19.334 лица.

Зголемена излезност е забележана и во општина Центар Жупа, каде до 11 часот од вкупно запишаните 7.383 лица  гласале  329 или 4,47  отсто.

И во двете општини, избирачките места се посетени од  претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДХИР. 

Во близина избирачките места, 27 во општина Дебар и 16 во соседната, Центар Жупа, во согласност со законот, има присуство на полициски службеници. вт/ир

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан