• среда, 18 декември 2024

Излезни анкети во Франција: Крајната десница во водство, таборот на Макрон трет

Излезни анкети во Франција: Крајната десница во водство, таборот на Макрон трет

Париз, 30 јуни 2024 (МИА) - Крајната десница убедливо води во првиот круг од предвремените парламентарни избори во Франција. Либералите на претседателот Емануел Макрон се трети, претекнати од екстремната левица, според неколку излезни анкети цитирани од странските агенции.

Екстремно десничарската партија Национален собир и нејзините сојузници освоија околу 34 отсто од гласовите. Втора е екстремно левичарската коалиција Нов народен фронт со 29 проценти, додека центристичкиот табор на претседателот Емануел Макрон е на третото место со резултат меѓу 21,5 отсто.

Според некои излезни анкети, екстремната десница може да се надева дека ќе освои апсолутно мнозинство во Националното собрание. Се очекува партијата Национален собир и нејзините сојузници да добијат меѓу 230 и 310 места во 577-члениот долен дом на францускиот Парламент.

За апсолутно мнозинство потребни се 289 пратеници.

Вториот круг парламентарни избори, кои претседателот Макрон ги распиша по победата на екстремната десница на изборите за Европскиот парламент во Франција на почетокот на овој месец, ќе се одржи следната недела, на 7 јули. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

 

Остани поврзан