Излезе од печат новата монографија за Родољуб Анастасов
- Од печат излезе најновата монографија за сликарското творештво на Родољуб Анастасов во издание на „КРОДО“ од Скопје. Автор на концепцијата и стручната студија на монографијата е Љубен Паунов
Скопје, 5 мај 2021 (МИА) - Од печат излезе најновата монографија за сликарското творештво на Родољуб Анастасов во издание на „КРОДО“ од Скопје.
Автор на концепцијата и стручната студија на монографијата е Љубен Пауновски, кој опусот на Анастасов го определува како сликарска филозофија за луѓето-дамки во мегалополисот на мравјото општество.
- Светското реноме на Анастасов е потврдено и од реномирани познавачи на светската уметност. Французинот Клод Робер ќе рече дека „Тој ја допре најчувствителната точка на модерната цивилизација, независно дали станува збор за социјалчистичко или капиталистичко општетсво... Таа вселена на студени насмевки, на луѓе кои се движат единствено кон својата работа, тоа е она што ниту еден друг уметник во светот не го разбра толку силно како Родољуб Анастасов... не само што е голем европски уметник, туку тој ќе има место и во умиверзалната историја на уметноста... Таков уметник не можете да најдете ниту во Русија ниту во Америка. Не постои уметник кој започнал ваков тематски опус, наведуваат од „КРОДО“. бак/лв/