• четврток, 26 декември 2024

Изетбеговиќ по 23 години нема да биде на власт во БиХ

Изетбеговиќ по 23 години нема да биде на власт во БиХ

Бaња Лука, 11 јануари 2023 (МИА) – Претседателот на Партијата за демократска акција, Бакир Изетбеговиќ за прв пат од 2000 година, нема да биде на ниту една функција во власта во Босна и Херцеговина.

По 23 години, како што објавија сараевските медиуми, Изетбеговиќ ќе биде само претседател на Партијата за демократска акција, бидејќи денеска беше потврдено дека нема да биде кандидат за делегат во Домот на народите на Босна и Херцеговина.

Од 2000 до 2002 година тој беше пратеник во Собранието на кантонот Сараево, од 2002 до 2006 година беше пратеник во Парламентот на Федерацијата БиХ, а од 2006 до 2010 година беше пратеник во Парламентот на БиХ.

Од 2010 до 2018 година беше член на Претседателството на БИХ, а во последниот мандат беше делегат во Домот на народите на БИХ.

Партијата за демократска акција денеска за Домот на народите на БИХ ги кандидираше поранешните членови на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ и Сафет Софтиќ. Во бошњачкиот клуб на делегати во Домот на народите на БИХ, Партијата за демократска акција треба да има двајца претставници, еден делегат ќе даде Демократскиот фронт (ДФ) на Жељко Комшиќ, додека уште двајца би требало да го предложи пробосанската коалиција „Осморка“. рп/

Остани поврзан