• среда, 25 декември 2024

Изедначена борба за прво место на крапскиот риболовен натревар на Осломејско езеро

Изедначена борба за прво место на крапскиот риболовен натревар на Осломејско езеро

Кичево, 13 ноември 2021 (МИА) - На крапскиот риболовен натпревар кој се одржува на Осломејско езеро од четврток до недела, се води крајно изедначена борба за врвот помеѓу риболовните друштва Мак – Дам и Урбан Карп а разликата моментално изнесува само 610 грама во полза на Мак – Дам.

Организаторите на натпреварот велат дека до последниот час од натпреварот ќе биде неизвесно кој ќе се искачи највисоко на пиедесталот. - И покрај студеното време и ниските температури во текот на ноќта, сепак следиме интересен и крајно неизвесен крапски натпревар. До денес до 18 часот, екипа со најголема тежина вкупен улов е „Мак – Дам“ со 30.870 килограми на крап. На второ место се наоѓа екипата на“ Урбан Карп“ со вкупен улов од 30,260 килограми, додека на трето место е екипата на „Хантер“ со вкупен улов од 22.410 килограми, истакна Бесмир Елези претседател на риболовното друштво и домаќин на натпреварот. Елези посочи дека вкупниот улов на овој натпревар е не што помал од претходниот. -Во двата изминати натпревари, сите риболовни друштва остварија вкупен улов од 181.369 килограми. Најголемиот примерок на крап досега уловен тежи 6.280 килограми, а просечната тежина на уловен крап во двата дена изнесува 2.667 килограми. До утре до 11 часот, кога завршува натпреварот очекуваме уште многу изненадувања и неизвеснот, додаде Елези. за/ки/

Остани поврзан