• четврток, 26 декември 2024

Издадено предупредување поради пожар во близина на Канбера

Издадено предупредување поради пожар во близина на Канбера
Канбера, 28 јануари 2020 (МИА) - Неколку јужни предградија на австралискиот главен град се предупредени за „вонредна состојба“ поради оган кој е вон контрола и гори во близина на националниот парк Намаџи. Пожарникарите ги замолија жителите на селото Тарва, како и на Бобојан, Топ Нас и Аполо Роудс во јужниот дел на Канбера „веднаш да побараат засолниште“. - Сега е предоцна да заминете. Ако не сте во областа, не се враќајте, се вели во предупредувањето од Агенцијата за итни служби на територијата на главниот град на Австралија (AЦT). Пет други јужни предградија исто така се предупредени внимателно да ги следат состојбите. Владината агенција соопшти дека големината на пожарот е 4.646 хектари и продолжува да гори вон контрола со 400 хектари на час, и покрај стотиците пожарникари кои се обидуваат да го совладаат. На цела територија на Нов Јужен Велс сè уште горат повеќе од 55 пожари. Во областа за викенд се прогнозираат високи температури што ја зголемува опасноста од пожари. јт/  

Остани поврзан