• четврток, 26 декември 2024

Издадени лиценци на 486 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори

Издадени лиценци на 486 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори

Скопје, 4 јуни 2023 (МИА) - Од јануари лани до крајот на мај годинава издадени се лиценци на 486 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 246,9 MW.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека со инсталираниот капацитет што е изграден за седумнаесет месеци може да се задоволат потребите на 96.700 домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија од 12 градови во државата - Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга и Неготино.

- Се повеќе компании, фабрики во земјава сами си произведуваат електрична енергија и сметките им се значително намалени, токму поради инвестициите во фотоволтаици. РКЕ за пет месеци од почеток на годинава има издадено лиценци за централи со вкупна инсталирана моќност од 94,7 MW, а да потсетиме дека за цела 2022 година вкупната инсталирана моќност на централите од обновливи извори кои произведуваат струја доминантно од Сонце, но и од ветер, вода и биогас изнесува 152,2 MW , посочува претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. бак/

Фото: РКЕ

Остани поврзан