• четврток, 26 декември 2024

Издадена нова емисија обврзници за денационализација во износ од осум милиони евра

Издадена нова емисија обврзници за денационализација во износ од осум милиони евра
Скопје, 4 август 2021 (МИА) - Државата денеска ја емитуваше дваесеттата емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од осум милиони евра. Со неа ќе се обесштетат граѓаните кои имаат правосилни решенија за денационализација од 1 јануари до 31 декември 2020 година, каде што е утврдено надомест да се врши преку обврзници. - Средствата што се доделени преку обврзниците државата ќе ги исплаќа на десетгодишни рати со годишна камата од 2 проценти, информира Министерството за финансии. Во соопштението од ресорното Министерство се наведува дека државата може во секое време да изврши откуп на обврзниците за денационализација пред рокот на нивното достасување според условите, начинот и постапката што ги утврдува Владата. Тргувањето со обврзниците ќе се врши на Македонската берза, со посредство на брокерските куќи и банките членки на Берзата. Пред рокот на нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за отплата на станови во општествена сопственост. бак/са/

Остани поврзан