• среда, 18 декември 2024

Издавачот на Дејли Мирор и Дејли Експрес ќе укине 550 работни места

Издавачот на Дејли Мирор и Дејли Експрес ќе укине 550 работни места
Лондон, 7 јули 2020 (МИА) – Издавачот на британските весници Деји Мирор и Дејли Експрес, Рич (Reach), планира да укине околу 550 работни места, бидејќи поради епидемијата на коронавирусот повеќе читатели се префрлиле на Интернет, а во исто време се намалени и приходите од рекламирање. - Структурните промени во медиумскиот сектор се забрзаа за време на пандемијата и тоа доведе до зголемено прифаќање на нашите дигитални производи, се вели во изјавата на извршниот директор на Рич, Џим Мулен. - Покрај тоа, поради намаленото рекламирање, не гледаме сразмерни зголемувања на дигиталните приходи, истакна тој. Претставници на Рич велат дека компанијата планира намалување на бројот на персоналот за околу 550 вработени или 12 проценти од својата работна сила – бидејќи се обидува да заштеди годишни расходи од 35 милиони фунти. Компанијата, која исто така поседува голем број регионални весници во Велика Британија, соопшти дека преструктуирањето би ја чинело групата 20 милиони фунти. Приходите на Рич паднаа за 27,5 проценти во вториот квартал, „погодени од намалениот тираж и рекламирање“. јт/  

Остани поврзан