• сабота, 28 декември 2024

Изградена е првата делница од велосипедската патека во Струмица

Изградена е првата делница од велосипедската патека во Струмица
Струмица, 25 октомври 2022 (МИА) - Првата делница од велосипедската патека во Големиот градски парк во Струмица е изградена, а за време на продолжениот празничен викенд повеќе граѓани низ неа ги возеа своите велосипеди. Според информациите од Општина Струмица, изградбата на патеката ќе продолжи долж улиците „Ленинова“, „Маршал Тито“ и „Климент Охридски“. -На овие три улици треба да се изградат уште над 6 километри патеки, но и на други десетина улици низ градот, информираа од локалната самоуправа. Средствата за овој проект во износ од 750 илјади евра се обезбедени од ЕУ, а велосипедската патека е со вкупна должина од 13 километри. Проектот е поделен во три фази и годинава фокусот ќе биде поставување на велосипедска инфраструктура, која е приоритетна, а целосната изградба е планирано да заврши во 2024 година. Покрај изградбата на велосипедски патеки и создавање современа вело - инфраструктура во градот, овој проект предвидува и активности за јакнење на капацитетите и подигнување на јавната свест за вело-културата, за зголемена употреба на велосипедот како најеколошко, рекреативно и алтернативно превозно средство со цел стекнување здрави и еколошки навики. рт/сст/

Остани поврзан