• среда, 25 декември 2024

Изградба на нова линија за фекална канализација во Јака во општина Илинден

Изградба на нова линија за фекална канализација во Јака во општина Илинден

Скопје, 23 август 2024 (МИА) - Општина Илинден и ЈКП „Водовод“ - Илинден започнаа со изградба на нова линија за фекална канализација во населба Јака, во вкупна должина од околу 300 метри, а со изградбата на фекалната канализација ќе бидат опфатени сите домаќинства од тој дел на Општината. Со изградбата на оваа линија 95 проценти од населбата ќе биде покриена со фекална канализација. Новата канализациска линија ќе биде изведена со полиетелиенски цевки со димезија Ø 250, информираат денеска од Општината.

Увид во работните активности направиле градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Водовод” - Илинден, Ивица Трипуновски. 

Според градоначалникот Георгиевски, со изградбата на фекалната канализација во населба Јака, се решава долгогодишниот проблем со кој се соочуваа граѓаните од тој дел на општина Илинден. 

-Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина со што се овозможува подобрување на квалитетот на живеењето во општина Илинден. Вложувањата во комуналната инфраструктура е од стратешко значење за Општина Илинден, истакнал градоначалникот Георгиевски.

Општина Илинден, велат оттаму, и во наредниот период ќе продолжи да работи на обезбедување на квалитетна комунална инфраструктура со цел подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани во локалната заедница. сст/са/

фото Општина Илинден

 

 

 

 

Остани поврзан