• недела, 24 ноември 2024

Изградба на нова линија за фекална канализација во Илинден

Изградба на нова линија за фекална канализација во Илинден

Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) - Општина Илинден започна со изградба на нова линија на фекална канализација на улица „400“ во Марино, во должина од околу 300 метри.

Новата канализациона линија, соопштија од Општината, ќе биде изведена со полиетелиенски цевки со димезија Ø 200 и со истата ќе бидат опфатени околу 10-тина домаќинства. Новоизградената фекална канализација на улица „400“, ќе се поврзе со колекторскиот систем Илинден - Марино.

Увид во работните активности денеска направиле градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Водовод” - Илинден, Ивица Трипуновски.

-Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина со што се овозможува подобрување на квалитетот на живеењето во општина Илинден. Вложувањата во комуналната инфраструктура е од стратешко значење за Општина Илинден, истакнал градоначалникот Георгиевски, се наведува во соопштението. цр/са/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан