• среда, 25 декември 2024

Изгоре сириски бегалски камп во Либан

Изгоре сириски бегалски камп во Либан
Бејрут, 27 декември 2020 (МИА) - Во бегалски камп во Либан, каде се сместени бегалци од Сирија изби пожар, при што полесно се повредени четири лица, а изгореа сите шатори. Пожарникарите го ставиле огнот под контрола по пет часа, а повеќето од 300 бегалци беа принудени да го напушптат кампот. Пожарот избил по физичка пресметка помеѓу членовите на либанско семејство и сириските бегалци. Либиската армија покрена истрага и потрага по одговорните за пожарот. Мисијата на Високиот комесаријат на Обединети нации за бегалци (УНХЦР) соопшти дека во кампот биле сместени 375 луѓе. ми/

Остани поврзан