• среда, 18 декември 2024

Изгоре викендичка во Леуново

Изгоре викендичка во Леуново

Гостивар, 12 февруари 2023 (МИА) - Изгоре викенд куќа во селото Леуново. Во пожарот кој избувнал утрово, нема повредени. Причините за опожарувањето ќе се испитуваат наверојатно утре, првично станува збор за дефект на оџак.

Од СВР Тетово потврдуваат дека утрово околу 6 часот, скопјанецот М.З. (51) пријавил дека во викендичката во која престојувал, инаку сопственост на неговата мајка избувнал пожар.

Набрзо по пријавувањето интервенирала екипа на противпожарната единица од Гостивар и која го локализирала огнот.

Причините за настанувањето ќе се бараат и утврдуваат по увидот кој ќе се изврши откако ќе се обезбедат услови.  згм/цр

Остани поврзан