• вторник, 24 декември 2024

Изгласана доверба на новата либанска Влада

Изгласана доверба на новата либанска Влада
Бејрут, 11 февруари 2020 (МИА) - Либанскиот Парламент денеска и изгласа доверба на новата Влада, и покрај протестите во текот на денот во кои беа повредени речиси 400 луѓе, а со кои демонстрантите се обидоа да ја блокираат седницата. Владата на премиерот Хасан Дијаб ја поддржаа шиитското движење Хезболах и неговите сојузници во 128-члениот Парламент. Доверба на Владата и дадоа 63 пратеници, против се изјаснија 20, а еден беше воздржан. Новиот кабинет, формиран минатиот месец со поддршка на Хезболах, се надева дека неговиот план за спас на економијата ќе и помогне на земјата да излезе од длабоката криза. Обраќајќи се пред Парламентот, непосредно пред гласањето, Дијаб истакна дека е свесен колку тешка работа и претстои на Владата, но изрази уверување дека се уште може да се спаси либанската економија од целосен колапс. Претходно денеска, безбедносните сили во Бејрут употребија водени топови против демонстрантите кои фрлале камења кон нив и се обидувале да ги спречат пратениците и владините претставници да влезат во Парламентот и да гласаат за доверба на новиот кабинет на премиерот Дијаб. гт/

Остани поврзан