• сабота, 27 јули 2024

Изгаснат пожар на депонија кај тетовско Глоѓи, месецов седма интервенција на тоа место

Изгаснат пожар на депонија кај тетовско Глоѓи, месецов седма интервенција на тоа место

Тетово, 20 септември 2023 (МИА) - Тетовските пожарникари вчеранавечер по седми пат интервенира и гаснеа пожар на депонија во близина на селото Глоѓи, Општина Теарце. Според командирот Авни Амети интервенцијата траела околу час и половина.

- Интервенираме често таму, последен пат вчера, месецов седум пати на истото место. Намерно ја палат таа депонија, за некој ден очекувам пак да има пожар. Јас лично сум пријавил во полиција дека често се случува и да преземат мерки да внимаваат повеќе на такви места, изјави Авни Амети.

Пожарите на депонии со складиран смет и отпад и на ниви каде се палат стрништа, ова лето се толку интензивни што пожарникарите веќе во септември бележат повеќе интервенции отколку во текот на целата 2022 година.

- Во текот на целата 2022 година Територијалната противпожарна единица Тетово имаше вкупно 666 интервенции и гаснење на пожари. Годинава само до денес, 20 септември имавме вкупно 701 интервенција, информира Амети.

Во текот на август и септември се интервенираше на пожари на големи депонии кај Волковија и Желино. ас/мд/

фото: МИА 

Остани поврзан