• среда, 13 ноември 2024

Изгаснат пожарот во 42-катна зграда во кинескиот град Чангша

Изгаснат пожарот во 42-катна зграда во кинескиот град Чангша
Пекинг, 16 септември 2022 (МИА) - Двеста и осумдесет пожарникари го гаснеа огнот што избувна во зграда висока над 200 метри во кинескиот град Чангша. Зградата е во сопственост на „Чајна телеком“, една од најголемите кинески телекомуникациски компании. Сè уште не се познати причини за пожарот во 42-катниот облакодер. Нема информации за евентуални жртви во пожарот. Иако „Чајна телеком“ соопшти дека поради пожарот не се во прекин телекомуникациските услуги, голем број претплатници се пожалија дека немаат сигнал. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан