• среда, 25 декември 2024

Изгаснат пожарот во штипскиот регион

Изгаснат пожарот во штипскиот регион

Штип, 18 јули 2023 (МИА) - Пожарот кој од депонијата „Трештена скала" се прошири и излезе надвор од контрола, а огнените јазици поради ветерот пристигнаа и во атарите на селата Софилари и Пенуш, е целосно изгаснат. 

Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека пожарникарите со четирите возила се вратени во ТППЕ- Штип. МИА претходно објави дека се зафатени ридови со сува трева и нискостеблеста шума, а пожарникарите не дозволија огнот да зафати и неожнеана нива со жито. Според проценките на Коцев опожарени се околу 40 хектари.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов најави дека утре ќе даде повеќе информации и детали околу пожарите на депонијата. вдј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан