• сабота, 27 јули 2024

Изгаснат пожарот во адвокатската улица во Скопје

Изгаснат пожарот во адвокатската улица во Скопје
Скопје, 21 септември 2021 (МИА) - Пожарот што вечерва избувна во напуштена куќа на адвокатската улица позади ресторанот „Стара куќа“ е изгаснат. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје интервенираше со три противпожарни возила и со уште едно возило за дотур на вода. - Во 21:18 часот е примена дојава за запалена куќа на адвокатска улица позади ресторанот „Стара куќа“. По самата дојава пристигнато е со три возила и уште едно дополнително возило за дотур на вода. Пожарот е локакизиран за краток период, куќата е напуштена и во неа не живеел никој, изјави вечерва командирот на ТТПЕ Владимир Симоновски. бак/нд/ Фото: МИА  

Тагови

Остани поврзан