• сабота, 27 јули 2024

Изгаснат е пожарот во Старо Нагоричане

Изгаснат е пожарот во Старо Нагоричане

Куманово, 23 јули 2024 (МИА) - Изгаснат е пожарот во општина Старо Нагоричане кој зафати нискостеблеста шума и површина помеѓу селата Челопек и Алгуња, соопштија од Центарот за управување со кризи и од ТППЕ Старо Нагоричане.

- Комплетно е изгаснат пожарот кој се случи помеѓу селата Челопек и Алгуња околу пладне денеска. Извршена е контрола на локациите. Зафатена е површина од над 60 хектари, претежно нискостеблеста шума, вегетација, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане Далибор Трајковски.

На пожарот денеска интервенираа 30 припадници на Армијата, пожарникари од Старо Нагоричане, екипа од „Национални Шуми“, утрово пожарот го гасеше и хеликоптер на МВР. Во текот на вчерашниот ден на терен беа припадници на противпожарните единици на Старо Нагоричане и Куманово, на „Национални Шуми“, мештани. ам/цр


Фото: ТППЕ Старо Нагоричане

Остани поврзан