• недела, 17 ноември 2024

Извршниот одбор на ЛДП: „Либерални патокази" со конкретни иницијативи и решенија за граѓаните 

Извршниот одбор на ЛДП: „Либерални патокази
Скопје, 4 март 2023 
 
Иницијативи за подобро правосудство, образование, образование, земјоделие, животна средина и младите се дел од предлозите за престојниот тематски конгрес на Либерално-демократската партија.
 
- Обединети, храбри и гласни ќе чекориме оваа годна преку нашите „Либерални патокази“ со конкретни иницијативи кои ќе дадат решенија на прашањата кои го засегаат секој граѓанин во општеството. Ни претставуваат предизвик, да говориме и да се бориме во областите на правото, образванието, младите, а она што најмногу не засега е функционалноста на институциите, довербата треба да се врати онаму кај што е потребно, а тоа е кај граѓаните, велат од ЛДП по денешниот Извршен одбор на партијата.
 
По седницата на Извршниот одбор се одржа и шестото собрание на Форумот на жени на ЛДП на кое за претседателка беше реизбрана Билјана Аврамоска Ѓореска.
 
- Иницијативи и поддршка од жените за жените е важна во нашето општество, потребна е континуирана проактивност, иницијативи за жените предлагани не само од жените туку и од мажите. Треба да си подадеме рака една на друга доколку сакаме видливи резултати, не само на хартија туку и во реалноста, рече Аврамоска Ѓореска.
 
- Вие жените сте силни и храбри и треба да продолжите активно да им пркосите на сите предизвици кои ги живееме како жени во овој сѐ уште машки свет, потенцираше претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.
 
Како што додаваат од партијата, за ЛДП секогаш ќе биде важно на какви идеали ќе се темели коалицијата на која припаѓаат и која програма ќе се застапува бидејќи нивен приоритет е развој на државата и подобрување на секојдневието на секоја личност. 
 
ЛДП
 

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото ЛДП

 

Остани поврзан