• среда, 18 декември 2024

Извршниот директор на Фондацијата Нобел се повлекува од функцијата 

Извршниот директор на Фондацијата Нобел се повлекува од функцијата 

Копенхаген, 2 ноември 2023 (МИА) – Извршниот директор на Ффондацијата Нобел Видар Хелгесен се повлекува за да стане извршен секретар на Меѓувладината океанографска комисија (ИОК) и помошник генерален директор на УНЕСКО. 

Норвежанецот ќе ја преземе новата функција на 1 март 2024 година, соопшти денеска Фондацијата. 

Како што пренесе ДПА, веќе се бара негов наследник. 

Хелгесен ја презеде функцијата во Фондацијата Нобел на почетокот на 2021 година. 

Овогодишните добитници на Нобеловата награда беа соопштени во октомври од соодветните организации во Стокхолм и Осло. 

Традиционално, престижните награди се врачуваат на 10 декември, кога е годишнина од смртта на пронаоѓачот на динамитот и дарител на наградата Алфред Нобел (1833-96). јт/ 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан