• сабота, 23 ноември 2024

Извршен претрес во Парламентот на Молдавија во рамки на истрага за шпионажа

Извршен претрес во Парламентот на Молдавија во рамки на истрага за шпионажа

Кишињев, 31 јули 2024 (МИА) - Официјални лица на Обвинителството за борба против организираниот криминал и службеници од Службата за информации и безбедност во Молдавија извршија претрес во Парламентот во главниот град Кишињев, јавија локалните медиуми.

„Процесните дејствија се извршени во рамките на кривична постапка, под раководство на обвинителите. Детали ќе објавиме дополнително“, изјави портпаролката на Службата за информации и безбедност, Даниела Минзату.

Извори од службата за безбедност за РСЕ соопштија дека операцијата е поврзана со случај на шпионажа извршена од шефот на правниот оддел на Парламентот, Јон Кријанга, кој, наводно, бил фатен како им пренесува информации на претставници на Руската амбасада во Молдавија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан