• недела, 24 ноември 2024

Извршена дезинфекција на општинската читална во Чаир

Извршена дезинфекција на општинската читална во Чаир
Скопје, 1 мај 2021 (МИА) - Општина Чаир изврши дезинфекција на просториите на општинската читална наспроти Поштата во Чаир. - Живееме во период на пандемија, но нашиот чекор кон знаењето не смее да застане во ниту еден момент. Затоа освен нашата секојдневна грижа, за да овозможиме сигурна употреба на општинската читална од страна на студентите и граѓаните се погриживме за целосна дезинфекција на нејзините простории, објави на Фејсбук градоначалникот Висар Ганиу, информираат од Општина Чаир. аа/сп/

Остани поврзан