• сабота, 28 декември 2024

Извори од Министерството за одбрана на Грција: Позициите спротивни на меѓународното право не придонесуваат за зајакнување на грчко-турските односи

Извори од Министерството за одбрана на Грција: Позициите спротивни на меѓународното право не придонесуваат за зајакнување на грчко-турските односи

Атина, 27 ноември 2024 (МИА) – Позициите кои се спротивни на меѓународното право не придонесуваат во консолидацијата на климата на заемна доверба и подобрување на билатералните односи, истакнале за грчките медиуми, извори од Министерството за одбрана на Грција по изјавите на министерот за одбрана на Турција Јашар Ѓулер, кој рекол дека Грција го прекршува грчко-турскиот Бернски договор за континенталниот гребен во Егејското море, јави дописничката на МИА од Атина.

Истите извори додале дека „Грција останува посветена на меѓународното право, како и на меѓународното право на морето“, но и дека „грчките вооружени сили го гарантираат националниот суверенитет и суверените права на земјата, утврдени со правилата на меѓународниот правен поредок“.

Министерот за одбрана на Турција, како што пренесуваат медиумите во Грција, за време на неговиот говор во турскиот Парламент рекол дека официјална Атина го прекршува договорот меѓу двете земји од 1976 година со истражувањата што ги спроведува во Егејското море, ја истакна важноста од намалувањето на тензиите, но говорел и за турската „Сина татковина“, односно за, како што пишува „Катимерини“ , влијанието врз делови од источниот Медитеран на сметка, на земјите во регионот, како Грција и Кипар. ср/ссм/

Остани поврзан