• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Извлечени две лица од Мавровско Езеро

Извлечени две лица од Мавровско Езеро

Скопје, 15 март 2025 (МИА) - Екипи на МВР, САЕ Тигар, ренџерската служба на НП „Маврово" и локални жители извлекоа две лица од Мавровско Езеро, на кои им се превртел чамецот. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) извлечените лица се наоѓаат во возилото на итната медицинска помош.

Претходно, ЦУК соопштија дека полицискиот хеликоптер со тим од САЕ Тигар со чамец се упатиле кон двете лица кои се потпирале на нивниот превртен чамец.

Од ЦУК посочија дека двете лица од превртениот чамец успеале да го превртат и вратат чамецот во нормална позиција после што успеале да се вратат во чамецот и чекале да бидат извлечени од Тигрите. фф/аа/

Фото: ЦУК

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан