• сабота, 23 ноември 2024

Извидничко-поречанскиот одред „Галеб“ доби простории од Општина Аеродром

Извидничко-поречанскиот одред „Галеб“ доби простории од Општина Аеродром
Скопје, 21 февруари 2021 (МИА) - Извидничко-поречанскиот одред „Галеб“ по повод Светскиот ден на извидниците, 22 февруари, доби на користење простории од Општина Аеродром, лоцирани на раскрсницата меѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“. Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и претседателката на Советот, Ивана Цветковска, им ги предадоа клучевите од објектот на претставници на Старешинството на одредот. Од општината, информираат дека извидниците ќе можат да го адаптираат овој простор кон своите потреби и да го користат за реализација на своите активности. - Извидништвото е особено значајно затоа што придонесува за физичкиот, менталниот и духовниот развој на младите луѓе, со цел тие да имаат конструктивна улога во општеството, притоа развивајќи ги вештините за снаоѓање во природа и во други сфери од живеењето, кои понатаму ќе им помогнат во животот, истакна градоначалникот Марин. Светскиот ден на извидниците годинава се одбележува со активности под мотото „Направи добро дело“, а извидниците и извидничките одреди реализираат активности на локално и национално ниво како крводарителски акции, помош во борба со Ковид-19 пандемијата, социјална помош за лицата на кои им е најпотребно, собирање донации, згрижување на улични животни,  како и забавни активности за сите деца и млади. аа/лв/

Остани поврзан