Извидници од Крива Паланка заедно со македонски извиднички контингент положија цвеќе на спомен-обележјето во Ротмиље
- Извидници од ИО „Наум Наумовски –Борче“ Крива Паланка, дел од македонскиот извиднички контингент што од 21 до 23 месецов учествуваше на меѓународна средба на возрасни извидници во Босна и Херцеговина, го посетија спомен-обележјето во месноста Ротимље, близу Мостар, каде во 2004 година во авионска несреќа животот го загубија претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, претседателската делегација, обезбедувањето и пилотите, информира денес претседателката на одредот, Соња Ангеловска, која беше дел од скаутите кои положија цвеќе на спомен-обејежјето и оддадоа почит, во знак на 21-годишнината од несреќата.

Крива Паланка, 26 февруари 2025 (МИА) – Извидници од ИО „Наум Наумовски –Борче“ Крива Паланка, дел од македонскиот извиднички контингент што од 21 до 23 месецов учествуваше на меѓународна средба на возрасни извидници во Босна и Херцеговина, го посетија спомен-обележјето во месноста Ротимље, близу Мостар, каде во 2004 година во авионска несреќа животот го загубија претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, претседателската делегација, обезбедувањето и пилотите, информира денес претседателката на одредот, Соња Ангеловска, која беше дел од скаутите кои положија цвеќе на спомен-обејежјето и оддадоа почит, во знак на 21-годишнината од несреќата.
Eдинаесеттата „Средба на брѓани“ - возрасни извидници над 29 години се одржа во Мостар помеѓу извидници од сојузи од Балканските држави: Северна Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, а опфаќа размена на искуства, вмрежување и креирање идни проектни активности на меѓународно ниво.
- Положувањето цвеќе беше само дел од планираните активности што контингентот на Сојуз на Извидници на Македонија, составен од извидници од Крива Паланка, Велес, Кочани и Скопје ги изведе во Мостар. Средбите се одржуваат по 11 пат, со промена на домаќинот-организатор на средбите, на кои најчесто се раѓаат нови идеи базирани на споделените искуства, така што ваквите средби се плодни и добредојдени особено што со нив се одбележува и денот на извидниците, 22 февруари, но и се пррезентраат годишните планирани проекти во кои се изнаоѓа можност да се прошират на меѓународен план, рече Ангеловска.
Годинава домаќин на сениорските средби беше Сојуз на извидници на Босна и Херцеговина.
-За време на средбите беа остварени бројни контакти со други балкански извиднички одреди, имавме и разглед на градот Мостар и неговите културно историски знаменитости, а исто така на средбите се одржа и национална вечер на која секој контингент се престави со својата национална традиционална храна, пијалоци , историски вредности, а одржана беше и презентација на работата на секој сојуз. На националната вечер, на претседателот на Советот на Град Мостар, Џани Рахимиќ, му врачивме монографија на Општина Крива Паланка, додаде Ангеловска.
Извиднички одред „Наум Наумовски – Борче“ во македонскиот контингент учествуваше со двајца извидници Игор и Соња Ангеловски. иб/цр
Фото: ИО „Наум Наумовски-Борче“, Крива Паланка