• петок, 27 декември 2024

Извидниците организираа тридневен „Боренка" камп за млади волонтери во Крива Паланка

Извидниците организираа тридневен „Боренка

Крива Паланка, 10 октомври 2023 (МИА) - Над 160 млади волонтери извидници од повеќе градови од државата учествуваа на тридневниот „Боренка" камп што се одржа во кривопаланечкото село Дурачка Река.

Во просториите на старото училиште во Дурачка Река, како дел од октомвриските средби на млади волонтери, Сојузот на извидници на Македонија и извиднички одред „Наум Наумовски Борче" го реализираа кампот со финансиска поддршка од Општина Крива Паланка и УНДП.

- Кампот го водеа млади волонтери со големо искуство во областа на животната средина и младинското ангажирање. Тие спроведоа активности за презентација на програмата за целосен ангажман на заедницата, мапирање опожарени подрачја, идентификација на видови дрвја, копање на ровови со симболичка рамка живот во природа, кои се одржаа и на повеќе локации во реонот на селата Дурачка Река и Станци, како познатиот туристички локалитет „Станечки водопади", информира Соња Ангеловска, претседател на одредот.

Ова е втора активност од проектот за младински активизам и волонтеризам, по одржаните работилници за најмладите од општина Крива Паланка, со кои беа опфатени близу 400 ученици од четврто и петто одделение од двете основни училишта во градот.

Со кампот досега во рамки на проектот се опфатени над 550 млади. ид/бак/

Фото: Сојуз на извидници на Македонија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан