• четврток, 26 декември 2024

Извидниците од Кочани организираат еднонеделна хуманитарна акција за настраданите во Турција и Сирија

Извидниците од Кочани организираат еднонеделна хуманитарна акција за настраданите во Турција и Сирија

Кочани, 13 февруари 2023 (МИА) – Членовите на извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани почнаа еднонеделна хуманитарна акција за собирање финансиска и материјална помош за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија.

Во градскиот парк во Кочани извидниците опремија собирен штанд на кој граѓаните можат да донираат средства, а во соработка со хумантираните организации и здруженија ќе бидат испратени во загрозените подрачја.

-До крајот на оваа недела на нашиот пункт сите хумани граѓани ќе можат да донираат средства за лична хигиена, конзервирана храна, брашно, грав, ориз, масло, сол и други пакувани артикли, чиј рок на употреба не треба да е пократок од шест месеци. Исто така, во зависност од можностите, очекуваме донации со нови ќебиња, вреќи за спиење, церади, греалки на гас, семејни шатори, основен кујнски прибор, полски креветчиња, преносни светилки на течни горива или гас и слично. Вообичаено, секоја година месецот февруари е период кога извидниците ширум светот се солидаризираат и реализираат хумани активности, а катастрофата што ги погоди турските и сириските граѓани за нас е дополнителен предизвик да помогнеме, истакна Сашко Стефановски, старешина во ИО „Ластовица“.

Хуманитарната акција на извидниците во текот на наредните денови ќе се реализира во периодот од 12 до 14 часот, кога ќе можат да донираат граѓаните, а заинтересираните правни лица ќе можат и дополнително да ги контактираат волонтерите за местото и терминот за испорака на помошта. та/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан