• сабота, 27 јули 2024

Извештај: Неуспесите на експертите доведоа до голем број смртни случаи од ковид во Велика Британија

Извештај: Неуспесите на експертите доведоа до голем број смртни случаи од ковид во Велика Британија

Лондон, 18 јули 2024 (МИА) - Велика Британија направи грешки за време на пандемијата „Ковид-19“ поради лошо планирање и неуспеси од министри и научни експерти, што доведе до повеќе од 230.000 смртни случаи до декември 2023 година, се вели во извештајот објавен денеска.

Поранешниот премиер Борис Џонсон нареди истрага во мај 2021 година, а првиот извештај, кој ја испитуваше подготвеноста на нацијата за избувнување, укажа на неуспеси.

-Доколку Велика Британија беше подобро подготвена и поотпорна на пандемијата, смртните случаи и трошоците можеше да се избегнат, се вели во извештајот на претседавачот на истрагата, поранешната судијка Хедер Халет. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан